Индивидуални лекарски насоки по е-пошта – FIX STARTER

Лекар од тимот на Бекамедика ќе ги разгледа вашиот здравствен прашалник, хормонските и останатите потребни лабораториски резултати, терапијата и суплементите што ги користите и ќе ви подготви индивидуални писмени насоки во рамките на FIX STARTER.

Што добивате

  • вашите 3 главни приоритети
  • што од FIX STARTER е најважно конкретно за вас
  • индивидуални насоки за суплементација, кога тоа е соодветно
  • што можеби не ви е потребно или веќе го дуплирате
  • што да следите понатаму

Како продолжува процесот

  1. 1

    По плаќањето ќе добиете здравствен прашалник и точна листа на потребни лабораториски резултати.

  2. 2

    Доколку веќе ги имате потребните анализи и не се постари од 6 месеци, нема потреба повторно да ги правите.

  3. 3

    Ако циклусите ви се редовни, хормонскиот статус се прави на 3-ти ден од циклусот. Ако циклусите ви се многу нередовни или менструацијата подолго време отсуствува, не е потребно да чекате да добиете циклус за да ги направите анализите.

  4. 4

    Индивидуалните насоки ги добивате по е-пошта во рок до 3 работни дена откако документацијата ќе биде комплетна.

Важно

Оваа услуга:

  • не е видео или телефонска консултација;
  • не претставува целосен индивидуален функционално-медицински план;
  • не вклучува самостојно менување или прекинување на препишана терапија;
  • не вклучува повторна целосна проценка на нови резултати доставени подоцна;
  • не вклучува неограничена комуникација со лекар.

Вклучено е едно кратко дополнително прашање за појаснување на веќе добиените насоки.

Цена €39

Еднократно плаќање · Нема претплата