Индивидуални лекарски насоки по е-пошта – T3 RESET KIT
Лекар од тимот на Бекамедика ќе ги разгледа вашиот здравствен прашалник, тироидните и останатите потребни лабораториски резултати, терапијата и суплементите што ги користите и ќе ви подготви индивидуални писмени насоки во рамките на T3 RESET KIT.
Што добивате
- ✓вашите 3 главни приоритети
- ✓кои препораки од T3 RESET KIT се најрелевантни за вас
- ✓индивидуални насоки за суплементација, кога тоа е соодветно
- ✓што можеби не ви е потребно или веќе го дуплирате
- ✓што да следите понатаму
Како продолжува процесот
- 1
По плаќањето ќе добиете здравствен прашалник и точна листа на потребни лабораториски резултати.
- 2
Доколку веќе ги имате потребните анализи и не се постари од 3 месеци, нема потреба повторно да ги правите.
- 3
Индивидуалните насоки ги добивате по е-пошта во рок до 3 работни дена откако документацијата ќе биде комплетна.
Важно
Оваа услуга:
- не е видео или телефонска консултација;
- не претставува целосен индивидуален функционално-медицински план;
- не вклучува менување, прекинување или воведување рецептурна тироидна терапија;
- не вклучува повторна целосна проценка на нови резултати доставени подоцна;
- не вклучува неограничена комуникација со лекар.
Вклучено е едно кратко дополнително прашање за појаснување на веќе добиените насоки.
Еднократно плаќање · Нема претплата