Наодите се уредни.
Но утрото пак почнува тешко.
Структуриран план. Доктор што останува со тебе секоја седмица. И заедница жени што го разбираат истото. Со лична прва консултација.
„Не е во твојата глава. И не е изговор.”
Ова го слушам речиси секој ден. Од жени што направиле сѐ како што се бара. Ја пијат таблетата секое утро. Чекаат пред кафето. И сепак, телото не соработува.
Уморни, но без сон. Коса на четката. Магла во главата до пладне. И секогаш истото прашање. „Ако наодите ми се добри, зошто се чувствувам вака?”
Една таблета не го гаси коренот.
Хашимото не е една бројка на хартија. Тоа е автоимуна состојба. Телото ден за ден ја напаѓа сопствената тироидна жлезда. Таблетата го заменува хормонот што недостасува. Но не го допира она што ја создава целата приказна.
Затоа наодите можат да бидат уредни, а животот да не биде. И затоа ова не се решава за две недели. Тоа е состојба за цел живот. И бара некој што останува со тебе, не протокол што те остава сама штом ќе заврши.
Не уште еден ПДФ. Систем со доктор внатре.
Доктор што останува
Секоја седмица си во живо со Д-р Марија. Поставуваш прашање, добиваш одговор. Кога ќе направиш нови анализи, заедно ги читаме и решаваме што менуваме.
Структуриран план
Три протоколи, чекор по чекор. Тироидна и имунитет, исхрана, инсулин, стрес, микробиом. Со готови рецепти и материјали, за да не бараш сама.
Заедница што разбира
Група жени што го живеат истото секој ден. Кога ќе ти текне прашање во девет навечер, некоја разбира. Без осуда.
Одговор под пет минути
Маријана, асистентката, ти одговара лично. Без автоматизација, без чекање со денови.
Лична прва консултација со Д-р Марија
60 минути на Zoom. Ги гледа твоите наоди и твојата приказна. Добиваш писмен план за наредните месеци, насочен на твоето тело, не општи совети.
Една ваква консултација кај функционален доктор обично чини колку цел месец членство овде. Тука е вклучена.
Што велат жените внатре
„Од долгогодишно мачење до редовен циклус по седум месеци. Енергијата се врати. Нема веќе утра со потечено лице.”
„Пред програмата бев очајна. Хроничен умор, падови на енергија, нервоза. Сега сум помирна, посреќна, позадоволна. Конечно некој сфати дека тоа што го чувствувам не е изговор.”
„Мигрени што траеја до месец, болен ПМС, постојан умор. За пет седмици голем дел од потешкотиите ги немам. Сигурна и единствена во Македонија.”
„Не верував дека ќе ја издржам. Но се придржував. Заедно успеавме да ги намалиме антителата на тироидната жлезда. Се чувствував подобро, поздраво, поенергично.”
„Многу посветена, амбициозна и искрена. Презадоволна сум од докторката и од сето знаење што безрезервно го делеше со нас сите овие месеци.”
Шест месеци, со план, не со паника.
Ова не е чудо за 21 ден. Ова е како изгледа кога жена со Хашимото си дава реално време.
Стабилизираме, не бараме совршеност
Стабилни оброци, прозорци на јасност во денот, енергија што не паѓа на половина ден. Реални навики што можат да се одржат.
Концентрацијата се буди, телото се смирува
Маглата во главата драматично помала. Поквалитетен сон. Циклусот почнува да се регулира. Утрата престануваат да бидат кошмар.
Нова нормала наместо перфекционизам
Телото станува предвидливо. Симптомите не го диктираат денот. Тело подготвено и за фертилитет, ако тоа е твојата цел.
За кого е, и за кого не е.
Ова е за тебе ако
- Имаш Хашимото или хипотироидизам, а симптомите не поминуваат и покрај терапијата.
- Разочарана си од „наодите ти се добри, здрава си”, а не се чувствуваш така.
- Сакаш јасен план, не парчиња информации од Google и форуми.
- Сакаш доктор што останува со тебе, не термин на секои шест месеци.
- Спремна си барем три месеци да работиш по план.
Ова не е за тебе ако
- Бараш брзо чудо за седум дена. Тоа не постои.
- Очекуваш доктор 24/7 на Viber. Ова не е тоа.
- Сакаш некој друг да го реши твојот живот наместо тебе.
- Ти е во ред да живееш со „ќе почнам од понеделник” уште една година.
Избери според тоа колку сериозно сакаш да го решиш ова.
Без скриени трошоци. Пристап веднаш по уплата.
Не знаеш кој да избереш? Повеќето почнуваат со COMMIT.
TRANSFORM · 6 месеци
За жените што не прават компромис со себе.
- Една лична 1:1 со Д-р Марија. На почеток..
- 6 месеци целосен пристап, заедница, неделно Q&A во живо, работилници
- Стабилност. Не се враќаш на нула на секои 30 дена.
Твоја цена
COMMIT · 3 месеци
90 дена вистински фокус, со доктор покрај тебе.
- Една лична 1:1 со Д-р Марија (60 мин Zoom + анализа на наоди + писмен план)
- 3 месеци целосен пристап, заедница, неделно Q&A во живо, работилници
- Доволно за реални поместувања: сон, енергија, циклус, смиреност
Твоја цена
FLEX · Месечно
За оние што уште се мерат. Влези, осети, одлучи.
откажуваш кога сакаш
- Целосен пристап до програмот и заедницата
- Снимени Q&A сесии, работилници и материјали
- Без живо Q&A со доктор (почнува од COMMIT)
- Без вклучена 1:1 консултација
Секоја прва консултација ја правам јас лично, и секоја седмица сум во живо. Затоа секој месец примам само 5 нови жени во TRANSFORM. Не за да те брзам. За да добиеш време и внимание.
Безбедна онлајн уплата · Пристап веднаш по уплата · Без долгорочна обврска на FLEX
Што вклучува секој пакет
| FLEX | COMMIT | TRANSFORM | |
|---|---|---|---|
| Пристап до програмот | ✓ | ✓ | ✓ |
| Заедница и материјали | ✓ | ✓ | ✓ |
| Неделно Q&A во живо со Д-р Марија | ✕ | ✓ | ✓ |
| Прва лична 1:1 со Д-р Марија | ✕ | ✓ | ✓ (2) |
| Времетраење | месечно | 3 месеци | 6 месеци |
| 89€ / месец |
198€ еднократно |
347€ еднократно |
Често поставувани прашања
Дали треба да имам дијагноза за да влезам?
Кога добивам пристап до 1:1 консултацијата?
Дали може да се откаже месечното членство?
Дали има рефундација?
Колку е активна Д-р Марија во заедницата?
Дали можам да влезам ако земам Еутирокс или хормонска терапија?
Колку часови неделно треба да посветам?
Дали програмата е само за Хашимото или и за PCOS и инсулинска резистенција?
Не си спремна да одлучиш денес?
Земи го бесплатниот водич „Прв чекор со Хашимото“ и добивај ги моите совети на е-пошта. Без обврска.
Ќе помине уште една година вака. Или ќе го решиш ова во наредните месеци.
Жените погоре имале исти сомнежи. Иста замора. Истите неуспешни обиди. Разликата е што направиле еден чекор. Хашимото не чека.
Сите пакети се достапни и во готово и на рати — види ги опциите кај плановите.
Безбедна уплата · Пристап веднаш по уплата · Без долгорочна обврска на FLEX
Услови за користење на членството
Природа на членството
Hashimoto LIFE е онлајн заедница наменета за жени со Хашимото тироидит и хипотироидизам. Внатре добиваш: едукација и материјали чекор по чекор, поддршка од групата и од Д-р Марија, неделни Q&A сесии во живо, и првична консултација (кај COMMIT и TRANSFORM, откако ќе ги испратиш анализите). Членството трае онолку колку што важи твојата претплата.
Активирање на членството
Со уплатата веднаш добиваш пристап до заедницата и материјалите. За да ја искористиш консултацијата со Д-р Марија (кај COMMIT и TRANSFORM), треба да ги испратиш твоите анализи и да го пополниш краткиот прашалник. По тоа, Д-р Марија закажува термин за Zoom сесијата.
Обврски на учесничките
Материјалите ги користиш само за себе — не за препродажба или дистрибуција. Во заедницата си коректна и поддржувачка кон другите членки. Ги следиш насоките и роковите што ги дава тимот.
Начин на плаќање
FLEX (89€): месечно членство што автоматски се обновува секој месец, на истиот датум кога си уплатила првпат.
COMMIT (385€): 3-месечно членство, достапно во готово (еднократно) или на 3 рати.
TRANSFORM (670€): 6-месечно членство, достапно во готово (еднократно) или на 6 рати по 112€.
VIP PRIVÉ (1290€): 6-месечно приватно членство, достапно во готово или на месечни рати.
Плаќање на рати — обврзувачко
Кога ќе избереш плаќање на рати кај COMMIT, TRANSFORM или VIP PRIVÉ, тоа е обврска за целиот износ. Откако ќе започне, ратите течат до крај и не може да се откажат, паузираат или вратат, без разлика дали продолжуваш да ги користиш материјалите. Плаќањето на рати е само начин на плаќање на полната цена поделена на повеќе месеци, а не претплата што се прекинува.
Откажување и рефундација
Само месечниот FLEX може да се откаже — откажувањето важи од следниот месец. Доволно е да пишеш на е-пошта или преку формуларот за поддршка.
Со уплатата веднаш добиваш целосен пристап до сите ресурси, затоа нема можност за рефундација, без разлика дали си ги искористила материјалите или не. Ова важи и за еднократните уплати и за плаќањето на рати кај COMMIT, TRANSFORM и VIP PRIVÉ.
Законски дел
Со уплатата се согласуваш на овие услови и потврдуваш дека ќе ги почитуваш. Во случај на спор, важечките закони на Република Северна Македонија се применуваат како надлежна правна рамка.