Call To Action
Hashimoto LIFE 2.0 – Д-р Марија | BekaMedika

⚡ Само 5 места месечно за 6М TRANSFORM пакет со вклучена 1:1 консултација Приклучи се сега →

Hashimoto LIFE 2.0 – Сега е тука

Конечно — место каде не си „тешка пациентка",
туку жена со план, поддршка и доктор.

Структурирана заедница + систем дизајниран да ги реши сите твои симптоми — и да те научи да не се вратиш назад.

300+
Жени во
заедницата
5.0★
Просечна Google
оценка
−23кг
Најголем
резултат
Д-р Марија
лично
секоја недела
Те познаваме

Дали ова ти звучи познато?

Ако се пронајде во повеќе од 3 точки — овде е твоето место.

😴
Хроничен замор — иако „ништо не правиш", никогаш не си одморена
🧠
Brain fog — збунетост, заборавеност, не можеш да се фокусираш
⚖️
Килограмите не се движат надолу иако јадеш малку и вежбаш редовно
🌀
Нередовен или болен циклус — месеци без овулација
😰
Паника, анксиозност, расположение кое се менува без причина
🫧
Подуеност, нередовни столици, болки во стомакот, гасови
🌧️
Страв пред секоја TSH контрола — „дали овој пат ќе биде уште полошо"
💊
„Лабораториите ти се добри, здрава си" — па зошто се чувствуваш вака?

„Кога за прв пат ја слушнав докторката реков — тоа е таа. Оваа жена ќе ме разбере. Конечно постои некој кој ќе сфати дека тоа што го чувствувам не е само изговор или моментална состојба."

Решението

Не е уште една „диета за тироидна".
Ова е систем.

Hashimoto LIFE 2.0 е структурирана заедница + програм, направени да ги решат сите твои симптоми — и да те научат да не се вратиш назад.

❌ Не е магија
❌ Не е диета за тироидна
❌ Не е уште еден Instagram протокол
✅ Структура, не хаос
✅ Доктор кој зборува јасно
✅ Жени кои знаат точно како се чувствуваш
01 / Програм
📘

3-месечен Hashimoto RESET

Целосен онлајн програм со модули за тироидна оска, исхрана, инсулин, стрес, микробиом и суплементи. Сè на едно место, чекор по чекор.

🧠 Тироидна + имунитет 🍽️ Исхрана за Хашимото 💊 Суплементи
02 / Поддршка
👩‍⚕️

Неделно LIVE Q&A со Д-р Марија

Еднаш неделно — поставуваш прашање однапред, добиваш одговор во живо. Без чекање термин 3 месеци. Сите сесии снимени.

📝 Форма за прашања 🎥 Снимки во библиотека
03 / Заедница
💜

Место каде не мораш да се правиш „добра"

Споделуваш цели, победи и „денес ми е хаос" моменти — без осуда. Жени кои се во ист филм, не луѓе кои ти кажуваат „нема врска, сите сме уморни".

🎯 Неделни цели 🛡️ Модерација
04 / Работилници
🔋

Месечни мини-работилници

Секој месец — фокус на тема која ги мачи 90% од жените. Замор, слабеење, анксиозност, коса/кожа, фертилитет. Снимено, гледаш кога сакаш.

⚖️ Слабеење 💇‍♀️ Коса/кожа 🤰 Фертилитет
Провери

За кого е — и за кого НЕ е

✅ Ова е за тебе ако:

  • Имаш Hashimoto / хипотироидизам и си уморна од симптоми кои не исчезнуваат
  • Си разочарана од „лабораториите ти се добри, здрава си" — а не си
  • Сакаш јасен план — не парчиња инфо од Google, TikTok и форуми
  • Сакаш поддршка од жени кои знаат точно како се чувствуваш
  • Спремна си барем 3 месеци да одиграш по план — не да импровизираш
  • Сакаш еднаш неделно да добиш одговор од доктор — без чекање термин

❌ Ова НЕ е за тебе ако:

  • Сакаш брзо чудо за 7 дена — тоа не постои
  • Очекуваш 24/7 Viber „доктор на линија" — ова не е тоа
  • Не сакаш да правиш промена — сакаш некој друг да го реши твојот живот
  • Ти е ок да живееш со „ќе почнам од понеделник" уште 5 години
  • Сакаш индивидуална 1:1 само за себе — за тоа има VIP опции
Вистински резултати

Жени кои го промениле животот

Не ветувања. Вистински имиња, вистински бројки, вистински пораки.

EA
Elena Atanasovska NEW
Google рецензија · 5★ · 1 недела
Вистинска одлука за секој кој се соочува со хипотиреоза. Од долгогодишно мачење со два циклуси во месецот и различни дефицити — до веќе 7 месеци редовен циклус! Исчезнување на пролетна алергија и секој можен дигестивен проблем. Енергија 100% и ниту едно утро со потечено лице 💛
✅ 7 месеци редовен циклус + енергија 100%
VP
Valerija Panova
Google рецензија · 5★ · 4 месеци
На право место сте! Живеев со: страшни мигренозни главоболки кои некогаш беа и до еден месец денонокни, изразен и болен ПМС, подуеност, дебелеење иако внесот на калории бил минимален, хроничен умор, активна хеликобактер, болки во зглобовите...

Д-р Марија има огромно знаење и уникатен пристап — сигурно и единствена во Македонија. За само 5 недели можам да кажам дека 70% од потешкотиите ги имам заборавено. 🙂
✅ 70% симптоми неутрализирани за 5 недели
ET
Elena Trajanovska
Google рецензија · 5★ · 3 месеци
3-месечен Хашимотов ресет. Да бидам искрена — не верував дека ќе ја издржам програмата, но сепак за среќа се придржував. Заедно успеавме да ги намалиме антителата на тироидната жлезда и инсулинската резистенција — се чувствував подобро, поздраво, поенергично, повитално.

На секој кој се двоуми — би препорачала да го направи тоа и да си го промени животот. 🤍
✅ Намалени антитела + инсулинска резистенција
D
D. Rjk
Google рецензија · 5★ · 3 месеци · 10 photos
Што и да кажам е малку — ваква промена кај себе може да осетите само со докторка како Марија. За само неполни 2 месеци успеав да дојдам до намалување на килограми и да почнам да имам циклус — за кој ми рекоа дека нема да го имам без хормонска терапија, а хормонска терапија не пијам воопшто. 💗
✅ Циклус без хормонска терапија за 2 месеци
ER
Elena RA
Google рецензија · 5★ · 3 месеци
„Пиј Еутирокс и толку" — тоа го добивала кај специјалисти. Д-р Марија е првата докторка 100% насочена кон пациентот и неговата целосна здравствена слика.

Програмата е еквивалентна на учење втор факултет. Хашимото Лајф Заедницата е место каде сме разбрани. Најважно: не сме оставени сами да пиеме Еутирокс и да се снаоѓаме. 🙏
EM
Emilija Mileska
Google рецензија · 5★ · 2 недели
Најголема препорака! Целта е постигната: Зголемена концентрација, повеќе сила, намалени килограми, немање отоци, наmalena инсулинска резистенција — со тоа се ресија и crvenilata на лицето. Ќе ви помогне да ги средите хормоните и повторно ќе се осетите свои, храбри и најубави! 💗
✅ Намалени кг + IR + кожа + сила
JV
Jagoda Velichkovska
Google рецензија · 5★ · 3 месеци
Јас и докторката соработуваме по втор пат — што значи дека целосно и верувам кога е во прашање моето здравје. Пристапот кон пациентите ја прави различна од другите. Хашимото таа ми го дијагностицира. Голема препорака за БекаМедика и Д-р Марија и за нејзините методи на лечење! 🥂
SA
Sanja Angelova
Google рецензија · 5★ · 3 месеци
Д-р Марија е прекрасна личност — многу посветена, амбициозна и искрена. Максимално вложуваше труд на секој еден член. Јас сум презадоволна од докторката и од целокупното знаење кое безрезервно го делеше со нас сите овие месеци!
SJ
Simona Janevska NEW
Google рецензија · 5★ · 3 недели
Д-р Марија е најпрофесионална докторка, најдобра во тоа што го работи со сите сили и срце — ќе те послуша и ќе ти помогне. Такви луѓе се ретки. Голема благодарност! ❤️
SV
Simona Vasilevska
Google рецензија · 5★ · 3 месеци
Пример за доктор — одличен пристап кон секој пациент, знаење и лекување на сè е можно поприроден начин. Не научивте на многу работи. Огромно благодарам.
MG
Marija Grozdanoska
Google рецензија · 4★ · 3 месеци
Благодарност за целиот ангажман. Преку целиот процес има што да се научи за Хашимото и за тоа како некои едноставни навики влијаат на нас. Убаво искуство за секој кој сака да се запознае себеси малку повеќе.
Транспарентност

Важно: Што НЕ е вклучено

Не е вклучена 1:1 консултацијаТоа е посебен VIP/Onboarding пакет (вклучен само во 3М COMMIT и 6М TRANSFORM).
Нема персонализиран протокол по Viber/DMЗдравствени прашања одат преку Q&A формата — не во личен инбокс.
Не е 24/7 итна службаОва е заедница и систем — не приватна клиника на Viber.

Само така можеме да задржиме квалитет, да не работиме површно и да те водиме без да се распадне докторот кој треба да ти помогне.
Hashimoto LIFE 2.0 е најсилната можна групна поддршка без да плаќаш илјадници евра за персонален третман.

Реален пример

Како изгледаат 6 месеци во Hashimoto LIFE

Ова не е „чудо за 21 ден". Ова е пример кога жена со Хашимото си дава 6 месеци реална работа — со план, а не со паника.

1–2

Месеци 1–2: Стабилизираме, не бараме совршеност

Преку Onboarding и 1:1 консултација се поставува јасен фокус — стабилизација на енергија, регулирани оброци, реални навики кои можат да се одржат. Нема „кардио до изнемоштеност".

⚡ 3-5 кг помалку 🍽️ Стабилни оброци 🧠 Прозорци на јасност во денот ⚖️ Без јо-јо во тежина
3–4

Месеци 3–4: Концентрацијата се буди, телото се смирува

Воспаление, стрес, микробиом, шеќер и инсулин — сè обработено. Неделните Q&A се фино подесување, не „основни" прашања. Утрата не се кошмар.

🧠 Мозочна магла — драматично помала ⚖️ 7–15 кг надолу вкупно 😴 Квалитетен сон 📅 Циклус се регулира
5–6

Месеци 5–6: Стабилност наместо перфекционизам

Телото станува предвидливо. Симптомите не го диктираат денот. Телото не е во хроничен „alarm mode" — предуслов за размислување за здрава бременост.

🏆 12–20 кг помалку 😊 Без панични епизоди 🌿 Нова нормала 🤰 Тело подготвено за фертилитет
Ова не е ветување на ист резултат — секоја жена е различна. Туку реален временски хоризонт во кој Хашимото почнува да се смирува ако добие структуриран план, заедница и индивидуален старт со доктор кој ја гледа целата слика, не само TSH.
Пакети за членство

Три нивоа на сериозност.
Избери го своето.

Hashimoto не се средува за 4 недели. Има три нивоа — според тоа колку сериозно сакаш да го решиш ова.

🧭 Краток водич за избор
🟢
Сè уште не сум сигурна, ама знам дека ако не почнам сега, пак ќе помине година → FLEX месечно (89€)
🟠
Не можам повеќе вака — 3 месеци фокус + вклучена 1:1 консултација → COMMIT 3М (385€)
🔴
Готово ми е. Го решавам ова — точка. Со доктор, со план, со 6 месеци посветеност → TRANSFORM 6М (670€)
🟢 Опција 1
FLEX — Месечно
За оние кои уште се мерат. Влези, осети, одлучи.
89 / месец · откажи кога сакаш
  • Целосен пристап до Hashimoto LIFE програмот
  • Пристап до заедницата
  • Неделни Q&A со Д-р Марија
  • Записи од сесии, работилници, материјали
❌ Без попуст, без 1:1 бонус Ова е стартна линија — не е „животот ми се менува" пакет.
Почни месечно →
⭐ Најпопуларно
🟠 Опција 2
COMMIT — 3 месеци
За оние на кои им е доста од рестарт. 90 дена фокус.
385 еднократно · = ~128€/месечно
✓ Вклучена првична 1:1 консултација
  • 3 месеци целосен пристап до програмот
  • 3 месеци заедница, Q&A, работилници, записи
  • Доволно за реални поместувања: сон, енергија, килограми, анксиозност
  • Вклучена првична 1:1 консултација со Д-р Марија (60 мин Zoom + анализа на наоди + писмен план)
✅ Вклучена 1:1 со Д-р Марија (вредност 200€) 60 мин Zoom · анализа на твоите наоди · персонализиран план за 3-те месеци
Аплицирај за COMMIT →
🔥 Само 5 места
🔴 Опција 3
TRANSFORM — 6 месеци
За жените кои не прават компромис со себе. Точка.
670 еднократно ·
✓ Вредност 734€ — заштеди 64€
  • 6 месеци целосен пристап + заедница + Q&A + работилници
  • Стабилност — не се враќаш на нула на секои 30 дена
  • Ефективно
✅ ВКЛУЧЕНА прва 1:1 со Д-р Марија (200€ вредност) 60 мин Zoom · пред-сесија анализа · конкретна насока за програмата
Приклучи се во TRANSFORM →
⚠️ Само 5 места/месец — кога ќе се пополнат, 1:1 се купува посебно
Последен чекор

Ќе пробуваш уште една година…
или ќе го решиш ова во наредни 3–6 месеци?

Hashimoto не е „килограм плус". Тоа е мозочна магла, нервен систем на работ, тело кое не те слуша. Најскапиот избор е — да не направиш ништо.

Жените погоре имале исти сомнежи. Истата замора. Истите безуспешни доктори.
Разликата? Тие го направиле овој чекор.

Без долгорочна обврска на FLEX · Безбедна онлајн уплата · Пристап веднаш по уплата

Споредба

Што вклучува секој пакет?

Јасна споредба — без скриени изненадувања.

Карактеристика 🟢 FLEX
89€/мес
НАЈПОПУЛАРНО 🟠 COMMIT
385€ · 3M
🔴 TRANSFORM
670€ · 6M
Пристап до Hashimoto LIFE програмот
Пристап до заедницата
Неделни Q&A сесии со Д-р Марија
Месечни мини-работилници (снимени)
PDF водичи и чек-листи
Архива од претходни Q&A снимки
Траење на пристап Месечно
(автоматски се обновува)
3 месеци
еднократна уплата
6 месеци
еднократна уплата
Индивидуална поддршка
Анализа на лабораториски наоди
Прва 1:1 консултација 60 мин (Zoom)
Писмен персонализиран план
Следење на напредокот (3М и 6М)
Персонализиран DM / Viber протокол
Вкупна цена
89€
/ месец
Избери FLEX
385€
еднократно · 3М
Избери COMMIT
670€
еднократно · 6М
Избери TRANSFORM
Прашања

Честo поставувани прашања

Ако имаш прашање кое не е тука — пишни ни.

Правила

Услови за користење на членството

1Природа на членството

Hashimoto LIFE 2.0 е онлајн заедница направена за жени со Хашимото тироидит и хипотироидизам. Внатре добиваш: чекор-по-чекор едукација и материјали, поддршка од групата и Д-р Марија, неделни Q&A сесии, и првична консултација (за COMMIT и TRANSFORM пакетите, откако ќе ги испратиш анализите). Членството трае онолку колку што важи твојата претплата.

2Активирање на членството

Со уплатата веднаш добиваш пристап до заедницата и материјалите. За да ја искористиш консултацијата со Д-р Марија (COMMIT и TRANSFORM), треба да: ги испратиш твоите анализи и да го пополниш краткиот прашалник. По тоа, Д-р Марија закажува термин за Zoom сесијата.

3Обврски на учесничките

Материјалите ги користиш само за себе — не за препродажба или дистрибуција. Во заедницата бидеш коректна и поддржувачка кон другите членки. Ги следиш насоките и роковите кои ги дава тимот.

4Начин на плаќање

Месечно FLEX (89€): автоматски се обновува секој месец, на истиот датум кога си уплатила првпат.
3-месечен COMMIT (385€): еднократна уплата за 3 месеци, потоа самата одлучуваш дали ќе продолжиш.
6-месечен TRANSFORM (670€): еднократна уплата за 6 месеци, со можност за продолжување.

5Откажување

Ако сакаш да го прекинеш месечното членство, откажувањето важи од следниот месец. Со уплатата веднаш добиваш целосен пристап до ресурсите — затоа нема можност за рефундација, без разлика дали ги искористила материјалите или не. За откажување, доволно е да пишеш на е-маил или преку формуларот за поддршка.

6Законски дел

Со уплатата се согласуваш на овие услови и потврдуваш дека ќе ги почитуваш. Во случај на спор, важечките закони на Република Северна Македонија се применуваат како надлежна правна рамка.

© 2026 BekaMedika · Д-р Марија · Hashimoto LIFE 2.0 · Design by DK